Петар Печков
Објавено: четврток, 06 април 2023
СДСМ ја започна кампањата „Рамо до рамо, до победа“, стартуваше од Велес. Со партиските активисти беа претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски. Тие го одбележан почетокот на теренските активности „Рамо до рамо, до победа“.
„Доаѓаме со јасна порака , напредокот продолжува. Големи промени очекувајте во оваа и наредната година. Економијата ќе продолжи да расте и да се развива, продолжува растот на платите и на пензиите. Продолжуваат инвестициите“ кажа Ковачевски.
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски порача дека СДСМ е заедно со народот, преку разговор, заедничка решителност, со труд, со работа, со посветеност да се бориме за подобро утре.
„Доаѓаме со крената глава. Да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, да ви кажеме што следува во иднина. Ќе слушаме внимателно и внимателно ќе говориме. СДСМ е партија на народот, која државотворно и одговорно се однесувала во сите премрежја од современата македонска историја“ рече Зечевиќ.
СДСМ- Велес доби нови партиски простории, во зградата на поранешен СОК, кои синоќа беа промовирани. СДСМ во наредниот период ќе посети 946 населени места.
Tweet |