Петар Печков
Објавено: сабота, 28 ноември 2020
СДСМ со реакција по синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, од кој се побара оставна од премиерот Заев, кој од страна на пратеникот Милошоски беше наречен предавник.
За СДСМ ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски е деструктивна партија без став, која секогаш ги става партиските интереси пред државните и во сите клучни моменти за европската иднина на земјата, се обидува да ги поткопува државните позиции, да кочи, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.
Во писмената реакција пишува:
Протестите, поддржани од малубројни поддржувачи се израз на наводната загриженост и заработка на политички поени од страна на тие кои 11 години ја држеа земјата во заложништво, во режим, со замолчувања, медиумски мрак, упад во Собрание со обиди за убиство на пратеници, тепање студенти и бројни случаи за пресметка со неистомислениците.
После 11 години режим на ВМРО-ДПМНЕ, без слобода, работите се променети од корен, сега народот ја живее слободата и демократијата за која Зоран Заев се избори заедно со нив, рамо до рамо со сите слобоумни граѓани.
Бараат оставки, а избори имаше пред само четири месеци, на кои народот му ја прати пораката на губитникиот Мицкоски, му го покажа патот, во опозиција.
Граѓаните избраа подобра иднина, застанаа зад храбрите и мудрите политики на претседателот Заев и на СДСМ, кои ја одведоа државата во полноправно членство на НАТО, кои обезбедија напредок по 25 години и поддршка од целиот свет.
ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста. Никој не преговара и нема намера да преговара за идентитетот и јазикот, а нашата државност почива на делата на антифашизмот, а токму ВМРО-ДПМНЕ ги исфрли антифашистичките борци на улица, ги менуваше називите на улиците и институции, кои носеа имиња на партизани, го изгради Музејот на жртвите на комунизмот.
Граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој ја одведе државата во полноправно членство на НАТО, а кој нема чувство за државен и национален интерес.
Залудни се сите протести и блокади, иднината на земјата е во евроатлантските интеграции, а на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција,
Tweet |