Петар Печков
Објавено: сабота, 12 февруари 2022
Првите сто дена од владеењето на градоначалникот Марко Колев, СДСМ ги оцени како неисполнети ветувања кон велешани, лаги и манипулации, не работата и целосната партизација на општина и ЈП во градот, вработувања на членови на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, пополнување на УО со несоодветен кадар и мобинг.
Ова беше кажано на денешната прес конференција која ја одржа од СДСМ пред влезот во локалната власт. Неа ја држеше Марија Џунова од ОО на СДСМ Велес.
“Во првите сто дена градоначалникот Марко Колев не започна со реализација на ниту еден од ветени капитални проекти. Новиот ГУП не е ни на повидок, во градот владее сообраќаен хаос, проблемот со кучињата скитници само се продлабочува и го отежнува нормалното функционирање на граѓаните. Не се направи ништо од ветените спортско рекреативни центри, не е ништо направено во индустриските зони на градот. Единствено што направи Марко Колев е одлуката за урбанизација на езерото Младост. Со одлуката за продажба на градежните парцели за лукративни цели, само ја покажа незаинтересираноста за велешани.“ кажа на прес конференцијата Џунова.
Tweet |