Петар Печков
Објавено: петок, 12 мај 2023
На прес конференција на Општинската организација на СДСМ Велес, нејзината претседателка Даница Чадиева, излезе со нивните толкувања зошто се одземени ингеренциите на Општина Велес и Советот, за работата со Детската градинка Димче Мирчев. Таа одговори по прозивките на првиот човек на градот и првиот меѓу советниците, градоначалникот Колев и претседавачот Љутков.
„Одземањето на ингеренции не е дискреционо право на некој министер, туку „исполнување на услови“ кои нашиот градоначалник го стори. Според член 201, став 1 и 2 од Законот за заштита на деца, доколку општината не обезбеди извршување на работите кои со закон се утврдени како нејзина надлежност, по сила на истиот закон на општината и се одзема надлежноста во времетраење најмногу до една година. 26 та точка на 33 та седница одржана на 05.04.2023 година е „Разрешување и именување член на училиштен одбор“ каде двата предлози советниците не ги изгласуваат. После неизгласувањето на членовите Министерството за труд и социјална политика доставува укажување до општина Велес каде е даден рок од три дена да се именуваат членови во управниот одбор бидејќи се потребни за нормално функционирање на градинката. После укажувањето од МТСП, Љутков ја става точката на 34 та седница по итна постапка но повторно не се донесува одлука бидејќи Љутков со образложение дека има итни и неодложни работи ја прекинува седницата на последната точка иако тоа гласање не би одземало повеќе од три минути. Проблемот кај Колев и Љутков е што предлогот на член на училиштен одбор кој го гласаат вработените на самата градинка не е член на ДПМНЕ а и со тоа не ги исполнува нивните замислени критериуми. Одземени се ингеренции врз основа на закон само за избор на членовите на Управен одбор,во се останато како основач Општина Велес уште ги има сите ингеренции. На крај какви се тие забелешки за лошо директорување и неуспешно водење со градинката кога во мај 2022 год лично Марко Колев и врачи на директорка благодарница за исклучителен придонес во раниот детски развој“ - кажа Чадиева.
Таа се осврна и на проектите кој се реализираат во Општината а ги посочи дека се финансирани од државната власт, - Владата, оти градоначалникот Колев не ја соопштувал таа информација.
„Оваква поддршка од извршна власт градот нема видено. Штета што Марко не умее и не знае како да го искористи тоа. Сите проекти се обезбедени од Владата и претходниот градоначалник. Марко Колев нема ниту еден, единствен негов проект со целосно обезбедени финансиски средства. Се што до сега е направено во Велес, се готови проекти кои СДСМ ги обезбеди, и тоа целосно, од проектна документација до обезбедување на финансиски средства. Такви се - Градски пазар за кој беа обезбедени 84 милиони денари од Владата и од Светска Банка, Преуредување на сообраќајот во централно градско подрачје со обезбедена донација од 750.000 евра од ЕУ, Кеј на река Вардар со обезбедени 430.000 евра донација од фондот за прекугранична соработка на ЕУ, Реконструкција на улиците ,,Благој Ѓорев”, ,,Живко Фирфов”, ,,Андон Шурков”, ,, Лазо Осмаков”, ,,Орце Мартинов” и други, во вредност од 1.200.000 евра од Владата, Противпожарно возило за ТППЕ, асфалтирање на улици во Индустриска зона УЗУС, водовод за село Сопот, теренско возило за ЈКП Дервен со средства од Светска банка, најсовремена опрема за Градско кино во вредност од 75.000 евра, памп трак во Градски парк. На тоа сакам да ги додадам и проектите финансирани од Владата, преку Јавното претпријатие за државни патишта, за рехабилитација на регионалниот пат од Катланово, преку Езеро Младост до Градско, асфалтирање на влезот во Велес од страна на Штип заедно со кружниот тек и потпорен ѕид на патот за Речани под бензинската пумпа на Макпетрол. Исто така, реализирани се проекти во вредност од 104 милиони денари од заштедени за време на корона кризата во 2000 и 2021 година, во основните и средните училишта, градинката, музејот и библиотеката, како и други бројни проекти финансирани директно од Министерството за образование и наука во ООУ Блаже Конески и Панко Брашнаров, како и во другите училишта“ - додаде Чадиева.
Таа посочи дека на страната отворени финансии можело да се види дека Општина Велес за краток период исплатила 94 илјади денари на два ресторани од Велес. Чадиев објави за настан кој се случил на 13 април годинава.
„ На роденденот на градоначалникот Марко Колев , двајца пожарникари користејќи службено возило пристигнале во општината и користејќи скала за интервенции при пожари, се качиле на вториот кат преку тераса во канцеларијата на градоначалникот, со цел да го честитаат роденденот, носејќи му роденденска торта. Колев да излезе на терасата и да ги дува свеќите на роденденската торта “ - рече Чадиева.
Таа негира дека како претседател или раководство стојат за секојдневните инспекции, на државните институции, кои ги посочи градоначалникот Колев. Чадиева спомена дека во ОУ Панко Брашнар со месеци учениците губеле часови, оти градоначалникот не потпишувал иако имало согласност за наставници кои биле дефицитарни.
Tweet |