lj lkjl
Објавено: понеделник, 05 јуни 2006
После долги и напорни истражувања, откривме како настанува белата густа магла во зимските денови. Се добива со специјална машина која ексклузивно можете да ја видите на сликата. За жал едвај успеваме да снимиме само една слика, но ексклузивно и со големо задоволство ви ја прикажуваме. Оваа направа е патент, сопственост на наш сограѓанин од Велес. Оваа направа се вика МАГЛИН (кратенка од: магла густа - лесно и најбрзо). Оваа направа во зимските денови неколку часа пред да се раздени поминува по сите улици во Велес, а по потреба негде и по повеќе пати. Кога ние ќе се разбудиме веќе сме маѓепсани од белиот прекрасен густ облак магла, толку многу што дури и не знаеме кај се наоѓаме. Но за жал не е се така идилично како што ни се чини. Оваа година немавме можност често да го гледаме овој прекрасен дополнителен ефект, кој ни буди посебни чувства во зимските денови. Претпоставувам на сите ни недостигаше. Поради големиот пораст на цената бензините оваа направа не бевме во можност често да ја гледаме по нашите улици ова зимо. Како што ексклузивно дознаваме од сопственикот, кој сакаше да остане анонимен, неможејќи да најде средства за да продолжи со работа, бил приморан да побара помош од сите фирми, па дури и од градските власти за помош, но секаде наишол на затворана врата. Има голема побарувачка од странски инвеститори, кои нуделе и по неколку милиони да го откупат овој негов патент, но како што ни изјави сопственикот:[em]”Јас сум голем патриот и ова национално богатство, не, не го давам на странци за ниедна пара”.[/em] Сега оваа прекрасна направа од непроценливи значење, нерегистрирана но горда стои под едно дрво со ливче на неа: [em]”Се бара инвеститор Македонец кој ќе инвестира во мене за да продолжам гордо да си ја работам мојата чесна работа. Цена само 850 евра, а вредам многу повеќе” [/em]
Tweet |