речник контакт

СОС телефон 211 106

Телефонот е за помош и поддршка од областа на социјалната заштита

Петар Печков

Општина Велес реализира значаен проект од социјалната сфера  „СОС линија за помош“. На телефонскиот број 211-106  се даваат бесплатни услуги поврзани помош на самохрани мајки, жртви на семејно насилство, просјачење, питачење.  

Овој телефон  е  за помош и поддршка од областа на социјалната заштита, СОС линија за жртви на семејно насилство. Канцеларијата на патролниот социјален работник е отворена секој работен ден од 9:00 – 17:00 часот на улица„ Димитар Влахов“ во барака во близина на Железен мост. 

Граѓаните имаат можност да остварат средба со службите и да пријават случај. Основната цел на проектот:  Детекција и превенција на социјални случаи. Евиденција на лица во ризик и процесуирање до надлежните институции за социјално вклучување на ранливи категории граѓани. Состав на тим е волонтер – социјален работник на Општина Велес, волонтер – дефектолог од Меѓу општинскиот центар за социјална работа и волонтер од Црвениот крст.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »