речник контакт

Саат и пол сообраќајот во центарот на Велес блокиран, оти воз застана на преминот кај мост Гемиџии

Според соседите товарниот воз кој доаѓал од Гевгелија застанал бидејќи денес поради влагата, сигурносната рампа не функционирала

Петар Печков

Сигурносните рампи на мостот Гемиџии расипани, возот застана и 90 минути  сообраќајот во центарот во градот беше блокиран. Според соседите товарниот воз кој доаѓал од Гевгелија застанал бидејќи  денес поради влагата, како и цела измината  недела, сигурносната рампа не функционирала. По правилата на МЖ во ваков случај возот мора пред безбедносната рампа да застане, да сигнализира звучно  и со најмала брзина да продолжи.   

„Бидејќи локомотивата не можеше да тргне, да повлече, од големиот товар што го носеше, се чекаше да дојде друга локомотива. Тоа се случи во периодот 18,30 до 20 ч.  после час и половина и тогаш возот замина. Добро е што товарниот воз не го блокираше преминот кај Стар мост, па соо0браќајто се одвиваше преку него“ - рече лице кое живее во близина на преминот.

За ова време додека железничкиот премин бил блокиран, сообраќајната полиција  го регулирала патниот сообраќај и ги пренасочувала  возачите на преминот кај Стар мост.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »