Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 март 2020
Сообраќајната полиција саботата вечер и ноќ, извршила контрола по велешките улици, дали и колку возачи возеле под дејство на алкохол.
На 7-ми март во периодот од 22 до 4.часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При тоа откриени се 13 прекршоци, од кои шест во Велес, четири во Кавадарци и три во Неготино- соопшти Верољуб Доедевски, портпарол на СВР Велес.
Информираше дека на возачите им биле изречени соодветни казни.
Викендов идентична акција била спроведен и во Битола, каде се констатирани се 18 алкохолизирани возачи, во Тетово 8 возачи, во Гостивар три, 11 во Штип, пет во Свети Николе, три во Кочани, по два во Делчево и БЕрово, по еден во Пробиштип и Виница.
Tweet |