речник контакт

Сабота вечер на матична сцена ќе биде изведена претставата на велешки театар „Едвард II“ која имаше премиера на Охридско лето

Претставата „Едвард II“ е работена како дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив насловен „Манифест“ . Текстот е на Андриј Жолдак и Сашо Димоски според Кристофер Марлоу

Петар Печков

Сабота вечер на сцената на велешки театар, ќе се изведе претставата „Едвард II “. Таа беше премиерно изведена на 6 август на Охридско лето и ова е можност да ја гледаат и велешани на матичната сцена на театарот. 

Претставата „Едвард II“   е работена како дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив насловен  „Манифест“ . Текстот е на Андриј Жолдак и Сашо Димоски според Кристофер Марлоу. Главната машка ролја ја толкува гостинот од Бугарија Борис Крстев  со Илин Јовановски  а женската е  на Јована Миладинов. Сценографијата е на Даниел Жолдак во соработка со Грузиецот  Симон Мачабели,кој пак ја работи костимографијата со   Раде Василев а композитор на музиката е Сашко Костов.  

Оваа претстава има неколку различни насоки, напишаа од театарот. Главната насока е приказната за „Едвард II“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард II“од Шекспир. Темите на главната драма се односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината.

Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »