речник контакт

Сабота два кинески филма во Велес, дел од Неделата на Кинескиот филм во Македонија

Филмовите ќе бидат прикажани во Киноверзум, влезот е бесплатен за публиката. Едниот е анимиран, вториот е драма

Петар Печков

Сабота 10 октомври, во Велес ќе се одржи проекција на два кинески филма, како дел од содржините на Неделата на Кинескиот филм во Македонија. Во Киноверзум Велес ќе се прикажат филмовите  Fall Into the Mortal World и The Coffin Painter. Проекциите се бесплатни а почетокот е  во 19ч. 

Прв е анимираниот „Fall Into the Mortal World“ – „Пад во смртоносниот свет“. Во оваа адаптација на класичната бајка, потомците на Њу Ланг и Џи Нв продолжуваат да испишуваат нова авантура. Дваесет и осумте соѕвездија ја поседуваат моќта на ѕвездите, која може да го уништи светот. 

Вториот  филм е драмата „Сликарот на ковчези“  со почеток во 21.15ч  Може ли една неочекувана средба да ја промени желбата за одмазда? По смртта на својот син, Џиа се повлекува во оддалечено гратче, каде што работи како сликар на ковчези и го чека денот кога човекот што го убил неговото дете ќе излезе од затвор. Но, кога во соседството се доселуваат тинејџерката Севен и нејзината мајка, меѓу нив постепено се создава неочекувана врска — приказна за тагата, добрината, простувањето и можноста повторно да се започне. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »