Петар Печков
Објавено: среда, 03 јуни 2015
Сабота-6-ти јуни во Велес и околината, ќе се спроведе второ авионско третирање против комарци со почеток од 5 до 6.30 часот.
Границата на третирањето е: Езеро Младост, с.Отовица, месност Јарбош; по течението на Вардар од север од Башино Село низ град Велес, се до вливот на река Бабуна и с. Горно Караслари.
На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Од локаланта власт која го спроведува праскањето ги инфомрираат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.
Tweet |