речник контакт

Сабота наутро доаѓа зимата, која ќе биде топла и сува, без многу снег

УХМР најавува дека не очекува топла зима со натпросечни температури и врнежи во рамки на повеќегодишниот просек

Петар Печков

Сабота наутро, 21-ви декември  во 5:19 ч. доаѓа зимата, астрономски. Овој ден е најкраток годинава од само  9 часот и 9 минути  а ноќта најдолга од 14 часа и 51 минута, сонцето изгрева од 6:57 а заоѓа во 4:06. Истиот ден на јужната полутопка доаѓа летото.   Зимата астрономски ќе заврши на 20 март 2020 година во 5 часот и 50 минути, за време на пролетниот еквиноциум (рамноденица) и во тој момент ќе почне пролетта. Тоа значи дека истата ќе трае 89 дена.

Инаку, на 5. јануари 2020 година, Земјата ќе биде во перихел – најблиску до Сонцето (на околу 147,1 милиони km), што особено ќе го почуствуваат жителите на јужната полутопка преку високите летни температури во тој дел.

Во однос на времето според УХМР најавува дека не очекува топла зима со натпросечни температури и врнежи во рамки на повеќегодишниот просек. Температурата на воздухот во јануари и во февруари има поголема веројатност да биде натпросечна, со позитивно отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањата се очекува да бидат по изразени во источниот дел на земјата, каде што пак ќе има позитивно отстапување во однос на врнежите, кои во земјава се очекува да бидат просечни.

За врнежите постои поголема веројатност дека нема да ги достигнат просечните вредности. Во јануари температурата, исто така, има поголема веројатност за надминување на просекот, а веројатноста е најголема дека врнежите ќе бидат во рамките на просечните. Во февруари исто се очекуваат температури повисоки од просекот, кои не се очекува да надминат повеќе од еден степен, а врнежите во источниот дел може да го надминат просекот, додека во западниот дел ќе бидат потпросечни.

Регионот може да има долги суви и топли периоди, проследено со невреме кое ќе трае една недела и потоа ќе се врати на сув временски период од две или три недели“, пишува на познатата  метео страница   AccuWeather.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »