речник контакт

Сабота полуфиналето на лигата на одбојкарските ветерани, се игра во Велес

ОК Борец игра со ОК Скопје. Во второто полуфинале ОК Тетово –ОК Шкендија

Петар Печков

Сабота Велес и ОК Борец ќе бидат  домаќини на полуфиналето од разигрувањето за лигата на ветерани. 

Во салата на ОУ Блаже Конески ќе играат од 11ч. ОК Борец и ОК Скопје, како втора и трето пласирана екипа а од 12,30ч прво и четвртопласираните, во тетовско градско дерби ОК Тетово и ОК Шкендија. 

Како засилување за велешкиот состав настапува Благој Гинов, поранешен одбојкарски репрезентативец. Влезот за двете средби  е слободен.

Лигата се игра во рамките на Одбојкарската федерација на Македонија. Лански, прв победник на лигата е ОК Борец ветерани. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »