Петар Печков
Објавено: вторник, 19 март 2019
За Денот на екологијата и Денот на пролетта, сабота 23 март во Велес ќе се одржи акција за чистење. Акцијата ќе се одвива на локацијата зелен појас околу Топилницата и ќе започна во 8,30 ч. која се спроведува со ЈКП Дервен.
Зелениот појас околу Топилницата е прва зона но многу неуреден и нечист, преполн со комунален отпад и градежен шут. Затоа се одлучивме за оваа локација. Ги повикувам граѓаните, граѓанските здруженија и претставници на бизнис заедницата да се приклучат - рече градоначалникот Аце Коцевски.
Учениците од средните и основни училишта ќе се приклучат кон акција со чистење на дворните места околу училишните згради. Со механизација, трактори, камиони кон еко-акцијата се приклучени и градежни фирми од Велес - Изгрев, Трго цемент, Делта пром инженеринг.
Tweet |