Петар Печков
Објавено: недела, 09 октомври 2022
Во текот на изминатата вечер 08/09 октомври 2022 во периодот од 22 до 4 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Велес при што биле констатирани 27 прекршоци.
Истовремено ваква акција имало и на територијата на СВР Скопје каде имало 38 санкции за возење под дејство на алкохол.
При контролата на територијата на СВР Битола, констатирани и законски санкционирани биле 15 возачи.
На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 13 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.
Tweet |