Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 октомври 2019
Саботата кон неделата, сообраќајната полиција извршила контрола, колкумина од возачите возат под дејство на алкохол. За шест час откриени се 12 возачи.
Во периодот од 22.00 часот на 5-ти октомври до 4 часот на 6-ти октомври на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени 17 прекршоци, од кои 12 во Велес и пет во Кавадарци - информираа од МВР. За сите прекршоци изречени биле соодветни казни.
Истиот период, ноќта сабота кон недела исти вакви акции биле спроведени на територија на повеќе градови во Македонија. Во Скопје биле откриени 36 случаи, во Битола 42, Струмица 20, Штип 30, во Гостивар 9. Или во Велес биле откриени најмалку возачи, кои управувале возило под детство на алкохол.
Tweet |