Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 август 2023
Во саботата попладне, истовремено велешки пожарникари мораа да работат на гаснење на два пожари. Првиот бил регистриран во 14:35 во близина на село Ораовдол во место викано Карпас. Територијалната Против пожарна единица од Велес излегла на лице место со едно возило и четворица пожарникари спасители, мештани од село Теово, локален шумар со брзата интервенција е спречено проширување на пожарот. Тој е локализиран во 16,30ч. Изгореле два хектари сува трева и приватна дабова шума.
Истиот ден сабота попладне, во 15:50 примена била дојава за настанат пожар помеѓу селата Бузалково и Клуковец во кој гореле сува трева и грмушки. ТППЕ Велес била на лице место со 2 против пожарни возила и осум пожарникари спасители, кои со брзата интервенција и со помош од локалното население пожарот беше ставен под контрола а потоа и целосно изгаснат, во 17,40ч. Изгореле 10 хектари површина со сува трева и ниско стеблеста вегетација.
Tweet |