Петар Печков
Објавено: четврток, 08 март 2018
За сабота, градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес конференција ја најави големата еколошка акција ,,Не валкај - разубави, ден за Велес,,. Таа ќе се одвива со почеток во 9 часот, на три локации во близина на Стар мост, на Градскиот стадион и на игралиштето во населба „Тунел“.
Ќе се чистат улица „Димко Најдов“, улица „Луј Пастер“, Градскиот фудбалски стадион и улицата„ Благој Ѓорев“. Заради високиот водостој на Вардар избегнат е крајбрежниот појас покрај реката за да не дојде до некои несакани последици.
Ги поканувам сите граѓани со добра волја да ни се приклучат. Цел ни е Велес да биде убав и чист град, убаво, пријатно и посакувано место за живеење. Да ги смениме нашите лоши навики, да ја подигнеме и зголемиме нашата свест , многу повеќе да се грижиме за чистота на нашите улици, маалта, паркови дворови - изјави Коцевски.
Акцијата се организира заедно со ЈКП Дервен со основните и со средните училишта, урбаните заедници, општинската организација на Црвен крст, Територијалната против пожарна единица, Центарот за управување со кризи и со повеќе граѓански организации. ЈКП Дервен има обезебдено алатки, кесиња за смет и ракавици за учесниците во акцијата. -
Акцијата не е ограничена на споменатите локации. Коцевски ги повика фирмите, Урбаните и Месни заедници, граѓаните индивидуално и преку куќните совети да се организираат и да се приклучат. Да исчисти секој во својот двор, маало, улица.
Tweet |