Петар Печков
Објавено: вторник, 22 мај 2018
Саботата по полноќ СВР Велес и УЈП органзирале зедничка контрола на угостителскти објекти во Велес. Од 00 до 03 часот биле посетени 20-тина локали во централното градско подрачје.
При тоа биле во шест случаи констатирани прекршувања. Во еден локал после полноќ биле пронајдени двајца малолетници а во пет случаи УЈП констатирала дека не се издаваат фискални сметки на гостите.
За сите овие шест случаи ќе бидат поднесени соодветени пријави. Информацијата ја потврди Димитар Каракулев самостоен инспектор за превенција при СВР Велес.
Tweet |