Петар Печков
Објавено: недела, 29 јануари 2023
Во текот на ноќва, сабота кон недела, после полноќ, нова заедничка координирана акција на полицијата, државниот пазаришен инспекторат, УЈП. Во угостителски објект во Велес контрастирани повеќе неправилности и прекршоци.
„Од спроведената акциска контрола на подрачјето на СВР Велес од страна на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за службени кучиња, СВР Скопје и СВР Велес, како и инспекциски служби на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во угостителски објект во Велес констатирано е кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори), при што лицето е лишено од слобода, прекршок по чл.21 од ЗППЈРМ поради присуство на малолетници во објектот, прекршок по Законот за оружје кај лице кое врши работа од областа на приватното обезбедување, а притоа не поседува лиценца и договор за работа (член 46 став 3 од Закон за приватно обезбедување), поради што и ова лице е приведено во полициска станица“ - соопштија од МВР.
Но локалот имал и други неправилности констатирани од стана на УЈП и Државниот инспекторат за труд.
„Констатирано е дека објектот работи спротивно на Законот за регистрирање на готовина, а од страна на Државниот инспекторат за труд ќе бидат направени дополнителни проверки за утврдување на статусот на лица затекнати при извршување работа во објектот“ - пишува во писмената информација.
Tweet |