Петар Печков
Објавено: среда, 07 јануари 2009
На периферијата од градот, во месноста наречена Дервенски поток, велешани си имаат своја лековита, позната кај народот како Саботната вода. Иако местото не е одбележано, ниту уредено, изворот е цел на посета на бројни посетители кои редовно ја пијат водата. Случајниот минувач лесно ќе стигне до неа. Во нејзината околина се шири мирис на варено јајце а околу изворот е наталожен бел камен, како белка од јајцето. Старецот Митков ѓоре тука е редовно, бидејќи во близината има бавча, која ја полева со оваа вода.
- Од Саботната вода сите виделе аир, никој нема зијан. Таа лекува стомачни маки, желудечни проблеми. Секој ден посебно во вечерните часови тука има многу гости, кои трепеливо чекаат на ред да наполнат од водата. Можеби им мириса на јајце ама маките бргу ги снемува, така што луѓето ја пијат - вели Ѓоре. Тој и бавчата ја полева со оваа вода и се фали дека има добар род. Ги покажува доматите и пиперките кои се сочни и големи, вистинска мамка за купувачите.
До изворот, кој од пред некоја година е уреден, се стигнува по земјен пат единствено од Велес по таканаречениот дервенски поток. Изворот е точно под Дервенскиот мост, дел од автопатот кој ги поврзува Скопје и Гевгелија. Иако тука минуваат многу патници поради тоа што локацијата не е обележена никој и не запира да проба од водата. Покрај изворот секојдневно минува и дедо Стојан Николов. Тој вели дека е штета толку издашен извор да не се користи.
- Пред некоја година дојдоа стучњаци да го испитува?т изворот. Бушеа до 300 метри длабочина покрај него, вода не најдоа, но затоа на блискиот рид вода најдоа на 40-тина метра. И толку потоа си заминаа, изворот остана неискористен, неистражен - објаснува Стојан. Пред 5-6 години Саботната вода беше дадена на користење на концесија на скопска фирма, но од овој проект не излезе ништо. Стојан вели дека доколку луѓето што тука минуваат по автопатот, доколку има некој патоказ, местото се популаризира сигурно ќе сопираат да се освежат и напијат од лековитата вода.
Двајцата старци за името на местото велат дека е вакавско, дека лекува и затоа секоја сабота попладне луѓе тука доаѓаат како посетители да запалат свеќа, остават пари. Велат дека водата наполнета во сабота била најлековита а не се памети дека некој од оваа вода имал мака. Во меѓувреме на изворот стигнаа двајца сопружници, Менка и Благој Иванови, кои редовно со години пијат од истата. И двајцата имале стомачни проблеми, но штом ќе се напијат од водата набргу, тие како со рака изчезнувале. Полнат секој ден по две шишиња и ја фалат каде ќе стигнат. Наместо вода од градскиот водовод, ја пијат оваа, се навикнале на нејзината миризба и вкус. Имаат забелешка дека градот може да заработи пари од Саботната вода, но никој не е заинтересиран нешто да стори за неа. Во Заводот за здравствена заштита во Велес, водата редовно ја испитуваат, но квалитетот не ги задоволува стандардите.
- Водата има променлив квалитет, знае да биде бактериолошки неисправна. Бидејќи се јавува матност евидентно е дека таа е површинска, во прилог на ова е што лето е топла зимо е ладна - вели д-р Вера Ристова од ЗЗЗ. Велешани на шега велат, дека и тие си имаат свој Косел и не мора да патуваат до Охрид за да се напијат лековита Саботна вода.

Tweet |