речник контакт

Саботно попладне, три пожари во велешко

Предупредување до земјоделците да не палат стрништа, во околина на Иванковци изгореле 10 хектари површина

Петар Печков

Со летото и  жештините, се појавија и летните пожари. Вчера, во саботата на територијата на велешко, противпожарната единица интервенирала во три случаи.  

„Околу 14 ч. во Бузалково е запалена плевна, откако таму беше огнот локализиран со едно возило веднаш екипата со две возила замина за село Сопот, каде има изгорено голема површина трева.. Во 18,30 ч. во околината на село Иванковци, запалено е стрниште на површина од околу 10 хектари. И таму огнот е локализиран“ кажа Љупчо  Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.  

Огнот кој вчера попладне горел на три локации во околината  на градот, ги најави пожарите кои во лето се честа појава. Но и потребата од превентива.

„Иако палењето на стрништата не недозволено, граѓаните  треба да преземат против пожарни мерки, нивно одорување“ - вели Лепидовски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »