Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 декември 2013
Јован Савов е прв мустаќ на Велес а Ѓоре Климкаров го имаше најлошиот примерок на мустаќ во градот. Ова е изборот на женскиот дел од гостите на завршната забава која ја организираше велешкото здружение Мовембер. Во преполниот локал ,,Паб,, гостите можеа да влезат само ако имаат мустаќ, тие што немаа или лепеа или како на девојките им беа цртани. Од оваа забава се собраа 15 илјади денари кои ќе бидат уплатени на светското движење ,,Мовембер,, кое лани е едно од 100-те највлијателни граѓански здруженија во светот.
Преку добра забава успеавме кај младата популација во Велес да ја испратиме пораката за здравје и превентива од машките болести. Започнавме како движење, немаме регистрирано организација. Поделивме 100 бесплатни ваучери за превентивен преглед на рак на простата, тестиси. Сите беа потрошени а имаше интерес и за многу повеќе. Изненадени сме колкав одѕив имаше оваа наша акција, која ја почнавме како забава но на крајот излезе сериозна. Оваа промена на нашиот изглед беше симпатична, и преку неа ја испраќавме пораката за превенција на машките болести - изјави Ѓорѓи Нанов еден од стотината млади велешани кој цел месец носеа мустаќи.
Тие велат дека можеби некои од нив изгледале за почеток смешни со новиот изглед, но целта која ја поставиле била исполнета. Повеќето се вратија на стариот имиџ. Собраните средства се од продажбата на Скопско кое се откажало од заработувачката од овој пијалак, од донации уфрлени во касичката во ,,Паб,, како и од продажбата на слатки кои ги донирала фирмата ,,Слатки задоволства,, .Дел од акцијата беше и велешкиот писател и поет Димитри Соле Љубин.
Чувствува дека Мовембар морам да го поддржам, затоа што е крајно време да се разбуди машката популација. Да ги тргне табуата за своето здравје, да направиме превентивни прегледи. Некако ние мажите потклекнуваме пред здравјето, се срамиме повеќе од жените и затоа застанав зад ова инцијатива. Многу е благородна, да не заборавиме дека и канцерот кај дојката се повеќе го има кај мажите и треба да се подигне на повисоко ниво – вели Љубин.
Tweet |