Петар Печков
Објавено: вторник, 01 април 2008
Реонот на Азот е идеален за одгледување на здрава и еколошки чиста храна, поради што Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во селото Извор го организраше вториот саем на здрава храна, насловен „Поблиску до природата“.
Во дворот на подрачното училиште, локалните земјоделци имаа можност да ги презентираат нивните земјоделски и градинарски производи. На еден од штандовите, понуденото беше продадено за пет минути, посетителите се тискаа околу него да купат морков, роквици, млад кромид и лук, марула.
- Се што продавам е од еколошки чиста средина, од селото Долно Врановци. За истите постои голем интерес и на пазарот во Велес, каде ги нудам и бргу се купуваат. Велешани ги бараат бидејќи знаат дека се од регионот на Азот и немаат никакви штетни материи во нив – вели Драг?н Панов, кој по затварањето на фирмата каде работел се решил да се врати во родниот крај и живее од земјоделие. Промоцијата на локалните производи и традиционалните вредности се целта на саемот, на кој се собраат дваесетина производители од Оморани, Извор, Мартолци, Ореше, Теово, Стари Град. Дел од средствата остварени од продажба се наменети за подобрување на условите за работа во училиштето.
- На саемот понудивме наши, ученички производи кои децата ги работеа на часовите по техничко образование. Собравме шест илајди денари, потребни за наставни помагала. Со организирањето на овој саем сакаме да ја подигнеме свеста кај населението дека имаат што да понудат и можат да живеат од нивната работа – вели Нина Маркова, директор на ОУ Пеар Поп Арсов и организатор на манифестацијата. Таа имаше за цел афирамција и на традиционалните вредности. Учениците понудија рачно изработени уникати кои брзо се продадоа. Тука беа и неколку дипли, ткаени на разбој, кој е подарок од осумдесет и четири годишната Ратка Цветковска. Таа заедно со нејзините пријателки Божана Михајловска и Лилјана Димитриевска ги учеле девојчињата од седмо и осмо одделение, на часот по техничко, како се работи на разбој. Резултатот од тоа беа трите дипли, кои веднаш се продадоа.
- Азот е познат како производител на квалитетни градинарски и сточарски производи. За жал малку од потрошувачите ова го знаат, бидејќи поголем дел од нашето производство накупците го откупуваат а потоа го пласираат на пазарите во Македонија. Овој саем е можност и ние, производителите, да излеземе во јавноста од анонимноста и таа да не запознае – вели Темелко Милошевски, од селото Ореше кој нудеше квалитетно овчјо сирење за 180 денари килограм или пресно овјчко кисело млеко за 30 денари канче. Неговото производство од повеќе од илајда овци и стотина крави завршува на пазарите во Скопје. Но малкумина знаат дека е од квалитетна природна и здрава околина, од Азот. Природните карактеристики на овој дел од Централна Македонија се планините со густи шуми, планински реки, регион без индустриски комплекси, редок сообраќај и без ниту една бензиска пумпа. Затоа жителите го нарекуваат втор Галичник.
- Враќањето кон традиционалните вредности, кон природата и богатстава која таа ги нуди, не се само потреба туку и обврска кон идните генерации.Оваој саем тоа го овозможува, но дава и друга димензија, од економски аспект кој значи многу за развојот на Богомилско-Извроскиот крај – вели Стојан Маневски, градоначалник на општина Чашка, во чиј дел спаѓа и Азот. Тука природата не штедела. Таа на падините од Јакупица и Даутица, покрај реките Тополка и Бабуна, дала во изболие услови за одгледување на здрава храна. Жителите од тоа и живеат, но затоа бараат популаризација на нивното производство, бидејќи таквата храна на трепезите на ЕУ е најбарана.

Tweet |