речник контакт

Саем на книгата во Градската библиотека

Во просториите на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше отворен 6. Новогодишен саем на книгата.

Петар Печков

Во просториите на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше отворен 6. Новогодишен саем на книгата.

На повеќе штандови застапени се 12 издавачки куќи од земјава меѓу кои, Макавеј, Матица македонска, Култура, Магор, Феникс, Детска радост, Просветно дело, Мартина комерц и други. Книгите се нудат со попуст од 20 до 30 отсто, а меѓу нив можат да се најдат и познати светски бетселери по популарна цена од само 100 денари.

- Ова е убава можност да се збогати домашната библиотека или да се подари некому за Нова Година некоја убава книга. Целта ни е преку Саемот да ја популаризираме книгата до читателите од сите генерации, изјави Елена Тевчева, директор на Народната библиотека „Гоце Делчев“.

Саемот, што ќе трае до 30 декември, ќе биде отворен секој ден во терминот од 10 до 21 часот.

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »