Петар Печков
Објавено: четврток, 23 декември 2010
Саемот на книгата го организира Градската библиотека, два пати годишно во текот на Рациновите средби во лето и пред Нова година. Тука велешани можат да се снабдат со актуелни изданија.
Саемот покажува дека му е потребни на градот и е традиционална манифестација која се одржува по 7-и пат. Десетина издавачи од земјава понудија околу илјада наслови од сите жанрови, по популарни цени, некои и со попуст и до 50 отсто.
Во рамките на отворањето на Зимскиот Саем на книгата во Велес беше промовирана едицијата ,,Културно наследство на Македонија,, од Димитар Ќорнаков во издание на Матица Македонска.
Tweet |