речник контакт

Саем на рачни изработки (фото)

Во понудата имаше се од резби, фрески, предмети за домаќинства и кујни, детски играчи, мирисливи тревки, ракија, медот на Атиџе

Петар Печков

Десетина мали претприемачи, социјални претпријатија се претставија пред велешани. Најчесто тоа се различни невладини организации, со различни целни групи и членови од различна социјална сфера. Во понудата имаше се од резби, фрески, предмети за домаќинства и кујни, детски играчи, мирисливи тревки, ракија.
 
„Нудиме лековите билки кои ги одгледуваме и производи од нив. Одгледуваме босилек, лаванда, невен, нане. Имаме маст од невен, чај, тинктури. Планираме да започнеме и производство на етерични масла. Сакаме да поставиме Центар за работна инклузија на лицата со попреченост, каде ќе се преработуваат овие билки“ - кажа  Далиборка Златева  Здружение на лица со церебрална парализа Велес  

„Во здружението членуваат лица со повеќе дијагнози, со пречки во развојот. Тие ги изработуваат овие производи кои се рачна изработка и можат да се набават во нашите простории. Изработуваме предмети за домаќинството, за во кујна, украсни шишиња, украсни табли,  кутии за накит од дрво.   На овој начин  лицата излегуваат од дома, се дружат, работат“ - кажа Мијалчо Арсовски претседател на здружението „Мобилност“.

Здружението „Стари занаети“ од Неготино се претстави со изработка на  предмети од дрво, од орев, икони, ковчежиња за накит. Објаснуваат дека на вакви саеми се запознаат до други организации, разменуваат мислења искуства.
 
„Нудиме домашна рачна изработка, калци, чаши,  чаши, бовчи од памучен конец. Тоа се работи кои денес ретко се сретнуваат, но се значајни. Луѓето ги разгледуваат но малку купуваат“ рече Спасова Ванка претседател на Здружение на слепи лица од Неготино  

 „Дојдовме  со различни производи кои ги изработуваат жените од Свети Николе, за нивна економска самостојност. Наша членка е и Атиџе Муратова, која произведува мед. Нудиме домашно сирење, ракија,се е еколошко чисто од здрава средина. На вакви саеми разменуваме мислења, наоѓаме пласман за нашите производи“ изјави Манева Милена од Свети Николе - Граѓанска иницијатива на жени.

Сопствени производи понуди и Весна Спасева од Свети Николе  од Организација на жени.
„Моите производи се производи од  памучен конец, кукли, играчки за деца, изработени од природни материјални, никако од синтетика“.  

Меѓу тие што се претставија беше и велешанката  Софија Лепојевиќ од  организацијата на жени - Велес.
 „Изработувам накит од мостра и кристали ги преставувам по базари  и социјални мрежи. Ние сме уметници  и на вакви саеми ги покажуваме нашите произведи“ .
 
Саемот беше во организација на Вардарски Плански регион.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »