речник контакт

Сакал да краде од трафостаница, но предизвикал експлозија

Полицијата го сомничи С.М. од Велес дека е сторител на делото

Петар Печков

Велешанец се обидел да изврши кражба во трафостаница, при што настанала експлозија. СВР Велес со информација за настанот.

„На 08. ноември  во 10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(44 год ) од Велес. Тој се сомничи дека на 5 ноември околу 22.40 часот на ул. „8-ми Септември“ во Велес со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН, но не успеал. Притоа, настанала експлозија откако се обидел да исече кабли“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Лицето било приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

 фото илустрација

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »