речник контакт

Сакам дом, за бездомните животни

Акција за вдомување на животни, велешани покажаа голем интерес

Петар Печков

Карванот ,,Правиме денес за подобро утре, за нас, за природата и за животните,, престојуваше во Велес, во Младинскиот парк. Волонтерите од Анима Мунди и велешкото Гласот на животните делеа флаери, помагаа при вдомувањето на животни, предупредуваа на опасностите од отровите кои се фрлаат на јавните површини. Во акцијата беа згрижени 15 животни, што за организаторот е одлична бројка и тие се целосно задоволни од успешноста.

Во рамките на овој карван правиме акции на вдомување на бездомни миленици. Не ги продаваме, туку ги поклонуваме. Сите  овие мачиња и кучиња се вакцинирани, дехилматизрани, помагаме на новите сопственици  за стерилизација. Добиваме телефон од новите сопственици и контактираме, ги посетуваме. Доколку некој се реши да го напушти земеното животно, ние го згрижуваме, да не остане на улица.

Дојдовме да ја поттикнеме граѓанската одговорност за  одговорно сопствеништво и од опасноста од расфрлање на отрови на јавни површини. Тоа е спротивно на кривичниот закон. Јавноста не е доволно свесна за оваа опасност, фрлањето на отрови. Но треба да се потсети и на одговорно чување на милениците – рече Столе Наковски од Анима Мунди, здружение за заштита на животните.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »