речник контакт

Салата поправена, сторителите неказнети

Бели Мугри повторно светна

Петар Печков

 општинскиот Црвен крст како организатор ја санираше штетата во салата Бели Мугри. Таа се случи при хуманитарен концерт кој се одржа на 29-ти јануари. При еуфорија која се случила за време на изведба на некоја песна, која посетителите ги допрела во срце, тие почнале да се качуваат по столчињата,  истите попуштиле. Од ова биле уништени 26 столици, кои неодамна Општинската организација на Црвен Крст од Велес како организатор ги санираше.

Од локалана власт се разочарани зошто при толку професори и редари,се дозволило да дојде до ваков чин. Од велешката полиција изјавија дека тие ги откриле сторителите и нивните имиња ќе ги достават до локалната власт, за таа да постапува натаму. Од општината изјавија дека како организатор на настанот, Општинскиот Црвен Крст нека решава дали или не ќе поведе судска постапка против малолетните лица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »