речник контакт

Салонот на Техномаркет ограбен!

Пред неколку дена, во текот на ноќните часови на 10-ти март, салонот на Техномаркет, олеснет за 250 илјади денари. Крадецот како во самопослуга собрал роба што лесно се продава.

Петар Печков

Според СВР Велес грабежот се случил во ноќните часови од засега непознат сторител/и  кој со метална шипка го скршил катанецот и ја отворил вратата по што влегол на ,,пазарење,, во продавницата, лоцирана кај  Мало мовче, во комплексот Чешел.

Од страна на крадецот/те биле скршено стаклото од витрините и биле украдени 20 дигитални фото апарати, 3 дигитални камери, 3 лап топ компјутери, 3 аудио апарати, 2 електрични пегли, десетина мемориски картички за фотоапарати и компјутери. Вкупната штета се проценува на 250 илјади денари. СВР Велес работи на пронаоѓање на сторителот.

Ова е трет голем грабеж во Велес годинава, по двата кои се случија на 1-ви јануари, кога во два салони за мобилни телефони, се украдени голем број на вакви апарати  а сопствениците беа оштетени со голема вреднсот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »