Петар Печков
Објавено: среда, 17 мај 2017
Студеното зимо и ниските температури беа кобни по влакнестите палми во Велес. Засадени пред две години во aприл 2015-та, поголем дел од 47-те не преживеаја. ЈКП Дервен доби обврска да се грижи за нив, откако истите преку ЈШ Македонски шуми беа набавени пролетата 2015-та. ТрМр ги праша велешките комуналци колку палми преживеаја и што со изѕемнатите.
Врз основа на Вашето барање за информација од јавен карактер, а во врска со состојбата на 46те засадени палми во градот, Ве информираме дека 14 од засадените палми ја преживеаја зимата, додека останатите ќе бидат отстранети од локацијата каде што се наоѓаат – стои во писмениот одговор од ЈКП Древен. Тие сега споменуваат бројка од 46 иако во сите претходни дописи и во информација кога беа заседени пишуваа за 47 палми засадени во Велес.
Опожарувањето на четири палми предизвика жестока реакција кај велешани, за постапката на сторителите. Каква ќе биде сега реакцијата откако во пракса се покажа дека ова дрво не може да опстане во Велес а цената на едно парче беше 450 евра. Или само во Велес има штета од околу 15 илјади евра. Дали во Македонија има почвени и климатски услови за одгледување на влакнести палми. На ова прашање одговор дава Ангелко Ангелевски агрометеоролог од УХМР.
Почвените услови се исполнети, но проблем има со климатските фактори. Изминатата зима, која не беше толку екстремна, сме имале и постудени влијаеше што палмите не преживеаја. Целата работа со засадувањето на овие палми уште во старт беше промашена. Тоа се тропски дрва, кои успеваат во тропски краишта или евентуално во суптропските краишта. Сите палми, околу 150 видови бараат одредени услови и температури. Кај нас во Македонија тие не одговараа ниту во лето, ниту во зима, затоа зиме беа завиткувани во јута, лете прскани со вода за влажност што се дополнителни трошоци за одржување – изјави Ангелевски за ТВ 24 вести.
фото архива ТрМр
Tweet |