речник контакт

Само директорот на ЈКП Дервен Крстевски со оставка

Бранот на промени кој ја зафати власта на локално ниво тешко се спроведува

Петар Печков

,,Директорот на Основното училиште „Блаже Конески“, Андон Николов и директорот на основното училиште „Стојан Стојчевски Буридан“, Златко Јаневски, ги ослободуваат местата кои се очекува да бидат пополнети со нови кадри. По заминувањето на директорот на јавното комунално претпријатие Дервен - Велес, Сашко Крстевски, велешката локална власт ќе распише оглас за ново раководно лице,,.

Ова беше неделната вест која ја лиферуваше МИА, официјалната Македонска информативна агенција. Неколку дена подоцна само директорот на ЈКП Дервен Сашко Крстевски поднесе оставка. Таа е доставена до градоначалникот Горан Петров, кој го избра како прв човек во ова Јавно Претпријатие Крстевски.

Јаневски и Николов до денес, четврток не реагирале  со никаков документ, за заминување од функциите директори на Основно Училишта. Градоначалникот Петров за овие промени и причината, упатува до прозваните личности, тој не сака да ја  коментира нивната работа.

До мене е стигната само оставката на директорот на ЈКП Дервен. За друго не можам да коментирам и доколку сакате нешто повеќе, добро е да се обратите до нив, не е вкусно јас да зборувам во туѓо име – вели градоначалникот Петров.

Тој не  ја  чувствува како атак, оваа листа на промени на  раководни  кадри од владечката ВМРО-ДПМНЕ  со лица кои се негов избор.

 Времето ќе покаже дека овие промени  немаат лична конотација – кратко одговори градоначалникот Петров.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »