речник контакт

Само 0,2 отсто повеќе вакцинирани во Велес, за заштита од ковид-19

Во кои градови е највисок опфатот со вакцинација

Петар Печков

Скромен е одѕивот на велешани изминатите седум дена за вакцинација со ковид-19. Опфатот пораснал за само 0,2 отсто, покажуваат бројките на Институтот  за јавно здравје.

За периодот 29.11-05.12  има вкупно 48,2% или незначително зголемување, споредено со пред седум дена. Ова е за возраст над 12 години,  опфат кој се воведе од почетокот на месец ноември.

Во статистички показатели на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од оваа недела   во  категоријата +18, има одѕив од 52,2%. Има и уште една категорија, за сите возрасти или вкупна популација и тука процентот во велешко е 41,8 отсто.  

За потсетувае , измината седмица во вакциналниот пункт во Уред беа аплицирани  558 вакцини, во сите три дози против корона вирусот. Сите беа „Фајзер“.

Најмногу вакцинирани според сите три возрасни  категории има во Неготино, Охрид и  Кавадарци,  потоа следат Ресен, Берово, Битола, Валандово, Крушево,Пробиштип...

На ниво на Македонија, опфатот за сите возрасти е 39 , за 12 години и повеќе е 44,7 и +18 изнесува 48,4 отсто.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »