речник контакт

Само 48 активни случаи на ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се девет пациенти, еден повеќе од вчера

Петар Печков

Во велешко драстично се намали бројот на активни случаи со ковид-19. Изминатите 24 часа има регистрирано по четири   нови случаи,  а 13  се оздравени пациенти. Активни случаи во велешко има 48 лица. Починати лица нема.
 
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  девет  пациенти,  еден повеќе од  вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани пет  а на Интерно се четворица пациенти. Како и вчера така и денес, ново примен е еден а нема   испишани.

„Потврдено позитивни се тројца, непотврдени нема и шестмина  се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се пет  пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »