речник контакт

Само два нови случаи позитивни на ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 32 пациент

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има мал број на ново заразени со ковид-19 и тие се помал број отколку оздравени. Оздравени - девет,  ново заразени- пет,  објавија од Министерството за здравство. Починати од последиците на корона вирусот во велешко денес нема.  Бројот на активни случаи е 171.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 32 пациент,  еден повеќе  од  вчера.  Од нив 17  се потврдени позитивни  со ПЦР тест, непотврдени се петмина   и негативни се деветмина, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примен е еден нов случај, испишани како оздравени нема. На  континуирана кислородна поддршка се 18 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 26 пациенти и шестмина  на Интерно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »