Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 март 2021
Вчера недела, кога не работеа пунктовите за земање брис во Велес, во општината се регистрирани само два нови случаи на лица позитивни на ковид-19, а оздравени се 15 пациенти. Ова се податоците кои Институтот за јавно здравје ги објави денес, понеделник. Така активни случаи во велешко се 313 а досега се заразиле 3.757 лица.
Според информациите од велешка Болница таму се хоспитализирани 56 пациенти, од кои 45 се потврдени позитивни, седуммина се сомнителни и четворица пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 20 пациенти. на Инфективно одделение се 46 пациенти а во Интерно 10.
Еден пациент е транспортиран за Скопје во Градска општа болница 8-ми Септември -Скопје.
Tweet |