речник контакт

Само пет случаи на грип во Велес минатата седмица

Од Центарот за Јавно здравје упатуваат дека има уште вакцина против грип

Петар Печков

Претходната седмица во Велес има регистрирано само пет случаи на грип. Ова се бројките кои ги соопштија од Центарот за Јавно здравје Велес.

Толку случаи, пет пријавиле матичните доктори на територијата на Велес за последната седмица во јануари.  

Од надлежните во оваа јавна здравствена институција упатуваат, дека во пресрет на променливото време кое не очекува, и паѓањето на температура наредните денови, граѓаните можат  сеуште да се вакцинираат од грип.

Се уште имало вакцини против сезонското заболување, а вакцинацијата чини 400 денари. Таа се препорачува на лица кои имаат чести контакти со други лица или на ранливите категории, повозрасните, хронично болните и болни од кардио- васкуларни заболувања.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »