Петар Печков
Објавено: четврток, 11 ноември 2021
Само реми за фудбалерките на ЖФК Борец, во шестото коло од Првата лига. На Градски ЖФК Борец- ЖФК Деспина 1:1, велешанки поведоа со голот на Максимовиќ во 34` минута. Гостинките, кои се во втората половина на табелата, а велешанки се борат за врвот, израмнија во 63`.
Настојувањата на домашните фудбалерки, да победат да победа беа неуспешни. По ова реми ЖФК Борец падна за едно место на табелата, сега е 5-и со 11 бода. Следното коло велешанки гостуваат во Битола на екипата на ЖФК Атлетико која е последна без ниту еден бод.
Вчера -вонредно коло играа и одбојкарите,и тоа дерби со екипата на ОК Струмица. И двете екипи по шест кола беа непоразени а вчера се радуваа домаќините со убедливи 3:0 (10;14;13). Во следното коло, в сабота повторно дерби за ГОК Борец, дома ја пречекува екипата на ОК Универзитет Тетово, и двете екипи имаа по еден пораз и средбата треба да даде одговор за тоа кој е поквалитетен во моментот. Натпреварот се игра во салата Гемиџии од 20ч..
Tweet |