речник контакт

Само четвртина од потенцијалните корисници -институции од градот, дале одговор дали сакаат да користат природен гас

Од 177 испитаника само 42 дале одговор

Петар Печков

Во Велес има 177 потенцијални поголеми и позначајни потрошувачи на гас, меѓу нив јавни претпријатија и институции. Ова го покажала анализата на ЈП Велес -гас, стои во годишниот извештај за  неговото работење. До сите нив бил доставен прашалник дали се заинтересирани за користење на природен гас, а само 42 дале одговор. Или само четвртина од потенцијалните корисници. 

Имавме проблем бидејќи повеќето од фирмите се мали, немаат стручни лица кои ќе  ги пополнат формуларите, не се обучени да дадат квалификувани одговори. Кога ќе стана реалност гасификацијата, ќе се смени и перцепцијата за  неа, и ќе има голем интерес за негово користење, бидејќи ќе имаат сериозен финансиски бенефит - кажа градоначалникот Коцевски.     

Теренската анкета, пресметка на просечна потрошувачка по површина и позиционирање на поголемите потрошувачи,  треба да дадат одговор колку количество природен гас ќе му требат на градот, за да се планира да се гради соодветна гасификациона мрежа. Овие податоци ќе ја дефинираат и димензионираат мерната регулациона станица за градот Велес. Досега е утврдена трасата на гасоводот во еден дел од неговата должина за Велес, и тоа од влезот кај бензинската пумпа на Макпетрол на автопат, низ населбата Речани до влезот во Башино село.  

За да не го губиме времето, се одлучивме за изградиме времено декомпресивна станица. Таа ќе биде лоцирана во индустриска зона Речани близу некогашниот ладилник на Лозар  а кога ќе пристигне гасоводот ќе одлучиме да ја преселиме на друга локација, согласно потребите, каде има интерес. Во наредниот период ќе треба да се донесе одлука, дали гасоводот ќе се гради со сопствени средства или јавно приватно партнерство, ако има интерес. Цевководот ќе биде Ф-350 - додаде Коцевски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »