речник контакт

Само четири нови случаи и 55 оздравени но и една почината сограѓанка

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 62 пациенти, двајца повеќе од вчера

Петар Печков

Само четири нови случаи на лица позитивни на ковид-19 од велешко и дури 55 оздравени . Ова е билансот за велешко  за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случи се искачи до 278 пациент.

Во велешка Болница има двајца починати пациенти, двете се жени, едната е од Велес на 79 години а втората е од Свети Николе на 80 годишна возраст.  Бројот на починатите од последиците на ковид заразата во велешко е 302 лица.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 62 пациенти, двајца повеќе   од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани  38, на  Интерно  11 и на Физикално 13 пациенти. Потврдено позитивен е 44, непотврдени  се осум  и негативни се 10 но со потреба од болничка нега.

„По еден примен и еден испишан пациент има денес. На кислородна поддршка се 23 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »