речник контакт

Само шест активни случи во велешко со ковид-19

Во велешка Болница нема згрижени пациенти позитивни на ковид-19, но има седум кои имаат здравствени потешкотии од корона вирусот

Петар Печков

Само шест активни случаи со ковид-19 во велешко. Ова е бројката која ја соопшти Министерството за здравство.   Изминатите три дена од празничниот продолжен викенд во Велес имаше три нови случаи а оздравени беа осум пациенти.  

Падна бројката на лица кои се згрижени во велешка Болница, во двете ковид одделенија, само седум пациенти, од нив пет на Инфективно и две на интерно одделение. Сите згрижени се негативни, кои поради здравствени проблеми имаат потреба од болничко лекување.  Нема ниту  пациенти на кислородна поддршка.

Поради намалениот број на лица кои се згрижени во Велешка Болница а со  здравени проблеми од корона вирусот, од Болницата еднаш неделно ќе информираат за состојбата таму и тоа в четврток. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »