речник контакт

Санела и Дарко се првите младенци во 2022-ра година

Лани во Велес биле склопени 355 брака, а денес првиот работен ден на матично имаше четири брака

Петар Печков

Првиот брак во Велес годинава е склопен денес, вторник на 4-ти јануари во 11ч. Првите младенци годинава се  Дарко Бојковски  од Иванковци и Санела Бојковска од Демир Хисар. Тие го кажаа судбинското „ДА“ пред матичарот од Управата за водење на матичната евиденција. Првиот работен ден годинава во оваа служба освен овој брак, беа склопени уште три.

Бројката на склопени бракови за 2021-ва година е висока 355, гледајќи од живот во услови на пандемија. За споредба во 2020-та година имаше 263 брака, регистрирани во велешко, но не треба да се заборави дека еден месеци немаше можност за склопување на бракови. За споредба во 2019-та  имало 360 брака. Ова се бројките од Управата за водење матична евиденција, Подрачна единица Велес.

Од Управата за водење матична евиденција,  потсетуваат дека бројката од 355 склопени брака годинава, не е целосна и точна  за  Велес. Оти младите имаат можност, а тоа и го користат, да склопат брак во друг град, во некој туристички центар, Охрид, Струга, Крушево, што во пракса и се случува. И тогаш тој брак се води дека е склопен во тој град, иако младите се велешани. Како што има случаи млади од Свети Николе да склопуваат брак во Велес, оти во овој град, нема ресторан каде може да се организира свадба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »