Петар Печков
Објавено: четврток, 23 јули 2020
Деновиве завршени се градежно санационите работи на мост бр.4 на патниот правец Чашка - Лисиче. Градежните и санациони работи се изведуваа во периодот четири месеци, од 18-ти март до 17-ти јули годинава, инвестицијата е во вредност од 8 милиони денари -без ДДВ.
Мостот изграден над река Тополка претставува армирано бетонска конструкција на еден распон со должина од 9,8m. Со реконструкцијата на мостот ширината на асфалтниот коловоз изнесува 6м. Со санацијата под асфалтниот коловоз изведена е нова армирано бетонска плоча, како и парапетни греди на кои е поставена заштитна одбојна ограда по EN-стандадри. Реконструирани се комплетно двата крајни столба и армирано бетонските крила и нивните темели - изјави градоначалникот Горан Стојановски.
Истовремено во оваа општина се рехабилитира регионалниот пат Оморани -Теово во должина од 2.2 км, вредноста е 10 милиони денари
Tweet |