речник контакт

Сараево 20 години потоа

11.541 жител на градот загинаа во војната. Во БиХ 100 илјади жртви

Петар Печков

Во Сараево се одбележуваат 20 години од почетокот на војната која однесе 100 илјади животи и засекогаш ја измени етничката карта на градот и Босна и Херцеговина.

Централната манифестација се одржа во Сараево, градот каде што војната започна и кој беше под опсада речиси четири години.  Црвените столчиња поставени долж главната улица остануваат празни. Тие се наменети за 11.541 жител на градот кои загинаа за време на војната. Нивните преживеани сограѓани минуваат покрај столчињата, оставаат цвеќиња и се сеќаваат на воените години.

Војната започна на 6 април 1992 година со снајперски истрели за време на мировниот марш низ Сараево, а во наредните години Европа беше нем сведок на најкрвавата братоубиствена пресметка на стариот континент, уште од крајот на Втората светска војна. Денеска во БиХ владее мир,но земјата е поделена повеќе од кога и да е. Трите народи живеат во речиси целосно одделени заедници и повторно меѓусебно се обвинуваат за сите проблеми со кои се соочуваат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »