Петар Печков
Објавено: петок, 09 јули 2021
Има иницијативи за збратимување на Велес со неколку градови од соседството, и тоа по барање на други општини, кои сакаат да соработуваат со нашиот гад.
Таков е случајот со градовите Саранда од Албанија, Бургас од Бугарија, Гњилине од Косово, но и кинескиот град Цангџоу од провинцијата Хебеи, и со град од Сергиевопосадски округ, близу Москва- Русија, откри градоначалникот на прес конференција.
„За жал поради состојбата со ковид пандемијата, ставени се во мирување сите овие активности, но со подобрувањето на состојбата, контактите ќе продолжат“ - кажа градоначалникот Аце Коцевски.
Досега Велес има меморандуми за соработка со 25 градови, од Турција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Италија, Франција, Полска, Грција. За нив Коцески рече дека се докажани пријатели на Велес.
Tweet |