Петар Печков
Објавено: сабота, 06 април 2013
Се уште во Велес се раскажува концертот на српската поп ѕвезда Саша Ковачевиќ кој го одржа во петокот вечер во клубот Импакт. Впечатоците уште долго време ќе кружат а малкумина од посетителите знаат дека гостинот во Велес настапи болен. Имал кашлица и настинка.
За ова зборуваат сведоци. Од нив е виден е околу 23 часот во дежурната аптека, која таа ноќ работела, како Ковачевиќ лично купува поголемо количество природни лекарства Хербион, за што платил околу илјада денари. Очигледно тоа му помогнало, оти на забавата никој од гостите не почувствувал било какви промени во бојата на гласот на Ковачевиќ. Напротив се било за одличен пет.
Tweet |