Петар Печков
Објавено: среда, 09 мај 2012
Со музички настап овие две македонски ѕвезди му дадоа поддршка на екологистот Игор Смилев. На платото пред велешкиот Основен суд, свој настап имаа Сашко Костов и Антоан Курт или Аднан.
Нив не им пречеше жешкото сонце и пладневната вруќина, да го покажат музичкото богатство кое го носта со себе. Ова беше ретка можност да се видат во родниот град со нивен настап во живот. На овој начин тие го поддржаа Смилев во неговата судска борба за вистината за Велес.
Tweet |