речник контакт

Св. Пантелејмон е храм и за венчавки и крштавки

Невистина е дека таму каде има гробишта, не треба да се венчава. Владиката Агатангел ги повикува верниците да го оживеат велелепниот храм каде своевремено имало и по 500 венчавки годишно

Петар Печков

Невистините кои ги ширеле свештени лица придонесоа во овој велелепно храм да се извршува чинот само на погреби. Ова не ниту црковно ниту христијански, уверува Владиката Агатангел и ги повикува велешани и верниците да му се вратат на храмот, каде можат да ги склучуваат црковните бракови. Така било во минатото и не може да биде поинаку.

Мене ми е многу жал, што вакво велелепен храм служи само за погреби. Од некои свештени лица не би сакал да ги споменам,  кои шират негативна пропаганда. Невистина е дека таму каде има гробишта, не треба да се  венчава. Постојат протоколите на венчани, погребани, на крстени  може да се провери кога се случило ова,  кои свештеници стојат зад тоа. Тие шират невистини. 

На времето се вршеле по 400,500 венчавки во храмот. Гробиштата тука биле отсекогаш, нашите претеци тука се венчавале,  се крштевале, тука се  погребувале. Во дворот од црквата имало песна,  свадби, оро се виело. Првото оро тука се играло. Но и тагата тука се чувствувале. Од тука ги испраќале во вечноста. Ги повикувам сите кои ќе склучуваат  брак, сакаат да се венчаат в црква, да дојдат тука. Без  оптоварување на совеста, без да се оптоваруваат себе, нека дојдат во овој прекрасен храм, нека се венчаат.

Нека си доведат и хор, оти ваква акустика нема на друго место. Сите храмови се убави, но ваков како нашиот Св. Пантелејмон сакаат да го имаат други нации, народи, затоа не го запоставувајте. Во името на нашите предци кои со волови носеле камења од Попадија, во дисаги носеле песок за да го изградат, нека оживее овој храм – вели владиката Агатангел, митрополит на Повардарска Епархија ан МПЦ ОА.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »