речник контакт

Св. апостол Филип 27 ноември

Св. апостол Филип еден од дванаесетте господови апостоли. Именден за сите Филиповци. Денес е и Мартинци 27.11 Празник за заштита на стоката од дивите ѕверови.

Петар Печков

Апостол Филип беше родум од Витсаида, крај Галилејското Езеро. Тој проповедаше во разни делови од Азија и во Грција. Беше распнат од незнабошците во фригискиот град Ерапол, за време на Дометијан, во 86 година. Подоцна моштите му се пренесени во Рим. Денес, Црквата го слави и свети Григориј Палама, прво светогорски монах, а потоа солунски архиепископ. Се слави и во втората недела од Великиот пост. Против калабриецот Варлаам го бранеше и го одбрани мистичното искуство на реалното единство со Бога. Се успокои мирно во 1360 година. Моштите му се наоѓаат во Солун, во црквата што го носи неговото име.

 Светиот апостол Филип еден од дванаесетте славни Христови апостоли е роден во Витсаида. Еднаш го видел Исус и го повикал, а Филип веднаш тргнал со него поведувајќи го и својот другар Натанаил подоцна наречен Вартоломеј, исто така еден од 12-те апостоли.

По воскреснувањето на Исус, Филип Христовото учење го проповедал во Азија, Грција, Етиопија, Арабија и на други места. Во фригискиот град Ерополе со светиот апостол Вартоломеј многу пагани придобиле за Христовата вера. Затоа паганските жреци почнале да ги прогонуваат Тие се пожалиле кај градоначалникот на Ерополе кој наредил да бидат распнати. Свети Филип бил распнат со главата надолу но тогаш се случил голем земјотрес од кој загинале егзекуторите и многу друг народ. Кога помислиле дека земјотресот е поради распнувањето на апостолот и кога пошле да го симнат од крстот виделе дека тој веќе е мртов. Тоа се случило во 86 година.

Православната црква празнува уште еден празник поврзан со споменот на Свети Филип. Но тој не е овој Филип од 12-те Христови апостоли туку е еден од 7-те ѓакони. Неговиот празник се празнува на 24 октомври. Во првите години по основањето на светата црква се јавила потреба некој да се грижи за немоќните, болните, сиромасите итн. Поради тоа апостолите одбрале седуммина ѓакони кои тоа го правеле. Меѓу нив бил и Свети Филип. Откако извесно време бил ѓакон заминал за Самарија каде што го проповедал христијанството.

 

Празникот Мартинци што како и некои други празници во народот се среќава со разни имиња (Мартинија, Волчји празник и сл.) се врзува со различни датуми. Трае различно еден, три денови но најчесто е поврзан со 14. ноември според стариот календар.

Димитар Матов забележал обичаи во Велес според кои на денот Свети Филип (14. XI. с.с.) се врзува устата на волкот. Тоа се правело со гребните кои се затворале и така останувале цела недела, за да му е затворена и устата на волкот. Д. Матов сведочи дека на овој ден се правеле и магии со кои од туѓите овци се земало млекото преку летото

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »